Оваа година има најголем број на милијардери во светот со вкупна вредност од 5,4 трилиони долари, според листата на Форбс.
Но и доколку не можеш да бидеш најбогатиот човек во светот, сепак е пријатно да бидеш најбогатиот во својата земја.
Запознајте ги најбогатите во своите земји:
Најбогатиот Грк: Спиро Латсис
Богатство: 3.3 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 412
Латсис богатството го направи во бродоградилишната индустрија, но најмногу профитираше откако Грција колабираше.
Најбогатите Аргентинци: Карлос и Алехандро Булгерони
Богатство: 5.5 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 219
Нивниот татко ја основаше ,,Bridas”, компанија за енергетика во 1948. Браќата сега имаат голем пакет во ,,Pan American Energy”, која е втора по големина енергетска компанија во Аргентитна.
Најбогатиот Египќанец: Насеф Савирис
Богатство: 6.5 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 182
Таткото на Савирис ја основал компанијата за градежништво ,,Orascom Construction Industries”, која е највредна компанија во Египет.
Најбогатиот Израелец: Идан Офер
Богатство: 6.5 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 182
Го наследи богатството од својот татко, Семи. Тој е претседател на холдингот ,,Quantum Pacific Group”, најголемиот во Тел Авив.
Најбогатиот Австриец: Дитрих Матесшиц
Богатство: 7.1 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 162
Дитрих е основачот на светски познатиот енергетски пијалок ,,Red Bull”. Тој исто така има акции во два фудбалски тима и во Формула 1.
Најбогатиот Данец: Кјелд Кирк Крисиансен
Богатство: 7.3 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 158
Тој е внук на основачот на ,,Legos”, познатите детски коцки за градење и сега е главен сопственик на компанијата.
Најбогатиот Тајванец:Тсаи Енг-Менг
Богатство: 9.8 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 112
Тој е претседател на компанијата ,,Want Want China”, која произведува кинески закуски. Исто така инвестира во медиуми, недвижнини и финансиски услуги.
Најбогатиот Чех: Петр Келнер
Богатство: 10.4 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 106
Петр основаше инвестициски фонд со позајмување на 1 милион долари. Преку фондот откупи контролен пакет за осигурување во текот на приватизацијата. Подоцна објави дека го продава својот дел за 3,6 милијарди долари.
Најбогатиот Холанѓанец: Шарлин де Карвало-Хајнекен
Богатство: 11 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 94
Шарлин де Карвало-Хајнекен ја презема компанијата Хајнекен кога почина нејзиниот татко, Хенри Хајнекен, оставајки и го цело богатство.
Најбогатиот Швајцарец: Ернесто Бертарели
Богатство: 11 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 94
Бертарели ја наследи компанијата Serono SA, од својот татко во 1996 година, и ја продаде во 2007 година. Сега е влезен во компаниите ,,Kedge Capital” и ,,Ares Life Sciences”. Ернесто, исто така формираше јахт-тим во 2000 година и го освои Американскиот куп во 2003 година.
Најбогатиот Британец: Џералд Кавендиш
Богатство: 11,4 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 89
Тој ја поседува компанијата ,,Grosvenor Property Group”. Тој има холдинзи на 5 континенти во светот.
Најбогатиот Кинез: Зонг Кингхоу
Богатство: 11,6 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 96
Тој е претседател на компанијата ,,Wahaha”, огромна компанија за пијалоци. Компанијата има голем број на нови партнерства, вклучувајки го и Манчестер Јунајтед, со цел да направи поголем раст во иднина.
Најбогатиот Малезиец: Роберт Куок
Богатство: 12,5 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 76
Куок го направи своето богатство со бродски превоз, палмово масло и шекер.
Најбогатиот Јужнокореец:Ли Кун-Хи
Богатство: 13 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 69
Тој е претседател на компанијата ,,Samsung”. Поради големиот раст на акциите на компанијата, во која голем дел поседува Ли Кун-Хи, неговото богатство значително се зголеми.
Најбогатиот Јапонец:Тадаши Јанаи
Богатство: 13,3 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 66
Тој го заработи своето богатство во индустријата за облека. Основач е и ЦЕО на компанијата ,,Fast Retailing”, бренд кој се шири и надвор од Јапонија.
Најбогатиот Колумбиец: Луис Карлос Сармиенто
Богатство: 13,9 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 64
Сармиенто започна во градежната индустрија, а подоцна својата империја ја издигна во финансискиот сектор.
Најбогатиот Украинец: Ринат Акхметов
Богатство: 15,4 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 47
Тој ја поседува енергетската компанија ,,DTEK”, и компанијата за производство на челик ,,Metinvest”.
Најбогатиот Нигериец: Алико Данготе
Богатство: 16,1 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 43
Тој започна како трговец на стока и ја основа компанијата ,,Dangote Group”. Неговата компанија главно се занимава со продажба на шекер, брашно, сол, цемент, текстил, недвижнини, нафта и гас.
Најбогатиот Австралиец: Џина Ринехарт
Богатство: 17 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 36
Таа ја наследи компанијата на својот татко која се занимавала со рудни богатства.
Најбогатиот Чилеанец: Ирис Фонтбона
Богатство: 17,4 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 35
Таа го контролира еден од најголемите рудници за бакар. Исто така е влезена во енергетскиот сектор, транспорт итн.
Најбогатиот Русин: Алишер Усманов
Богатство: 19,6 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 34
Усманов главно се збогати од железо и челик. Тој исто така го поседува најголемиот телефонски оператор во Русија, а исто така и поседува голем удел во компанијата ,,Facebook”.
Најбогатиот Бразилец: Хорхе Паоло Леман
Богатство: 17,8 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 33
Леман ја формирал ,,Banco Garantia” во 1971 година и ја продаде во 1998 година за 675 милиони долари. Сега тој ј поседува најголемата компанија за производство на пиво ,,Anheuser-Busch InBev”. Од неодамна заедно со Ворен Бафет ја купија компанијата ,,Heinz”.
Најбогатиот од Саудиска Арабија: Принцот Алвалид Бин Талал Алсауд
Богатство: 20 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 26
Најбогатиот Канаѓанец: Дејвид Томсон
Богатство: 20,3 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 24
Тој е претседател на компанијата ,,Thomson Reuters”. Неговиот дедо Рој, во 1934 година ја основаше компанијата.
Најбогатиот Италијанец: Мекеле Фереро
Богатство: 20,4 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 23
Тој е сопственик на компанијата ,,Ferrero”. Таа е една од најпопуларните компании за призводство на благи. Во асортиманот спаѓаат бонбоните Тик-Так, Киндер јајцата, и се разбира познатите благи ,,Ferrero Rocher”.
Најбогатиот Индиец: Мукеш Амбани
Богатство: 21,5 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 22
Тој е на врвот на најголемата компанија во Индија, ,,Reliance Industries”.
Најбогатиот Германец: Карл Албрехт
Богатство: 26 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 18
Најбогатиот Швеѓанец: Стефан Персон
Богатство: 28 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 12
Тој е претседател на компанијата ,,H&M”, која е основана од неговиот татко во 1947 година.
Најбогатиот Французин: Лилиан Батенкорт
Богатство: 30 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 9
Таа поседува повеќе од 30 проценти во ,,L’Oreal”.
Најбогатиот од Хонг Конг: Ли Ка-шинг
Богатство: 31 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 8
Тој е најбогатиот Азиец кој раководи една од најголемите компании во светот со преку 260.000 вработени во повеќе од 52 земји.
Најбогатиот Шпанец: Амансио Ортега
Богатство: 57 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 3
Тој се занимава со производство на облека и обувки и меѓудруготе е сопственик и на мегапопуларната ,,Zara”.
Најбогатиот Американец: Бил Гејтс
Богатство: 67 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 2
Тој е сопственик на најголемата софтферска компанија во светот ,,Microsoft”.
Најбогатиот Мексиканец: Карлос Слим Хелу
Богатство: 73 милијарди долари
Рангиран на Форбс: 1
Тој е најбогат човек во светот веќе четири години по ред.