27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД дозволија увоз на стоки од Куба

САД дозволија увоз на стоки од Куба

sad-amerika-sadsad47857

САД соопшти во петок дека дозволува увоз од Кува на некои стоки и услуги произведени од приватни компании на островот, што претставува ново ублажување на американското трговско ембарго што е на сила веќе половина век.

Стејт Департментот ја објави листата на стоки и услуги што ги произведуваат независните кубански претприемачи што ќе можат да се увезат во САД, се вели во соопштението.

Според таа листа, сите типови на стоки и услуги можат да се увезат во САД, со исклучок на животни, производи од животинско и растително потекло, алкохол и тутун, минерали, хемиски производи и текстил, возила и летала, електрична и електронска опрема и оружје и муниција.

Оваа листа редовно ќе биде ажурирана.

Во рамки на ублажувањето на некои трговски рестрикции против Куба, Американците ќе можат да испраќаат неограничени средства на Кубанците за да им помогнат на приватните компании и независните невладини организации, потсетува Стејт Департментот.

„Американските компании имаат право да извезуваат во Куба градежен материјал, опрема и алат за кубанскиот приватен сектор“, наведува Стејт Департментот.

Покрај тоа, американските компании за телекомуникации и интернет, можат исто да инвестираат во Куба. Така американската интернет страница Netflix почна да ги нуди од понеделник своите услуги на Куба, без оглед на малиот број Кубанци кои имаат интернет во своите домови.

Американскиот и кубанскиот претседател Барак Обама и Раул Кастро на 17 декември минатата година најавија историско дипломатско зближување, мислејќи првенствено на воспоставување на дипломатските односи. Двете влади ги одржаа првите официјални разговори во Хавана кон крајот на јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП