18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот S&P 500 постави рекорд по новостите од Европа

Индексот S&P 500 постави рекорд по новостите од Европа

sp 500

Берзанските индекси на Волстрит пораснаа во петокот благодарејќи на позитивните новости од Европа, а индексот S&P 500 достигна историскиот максимум.

Индустрискиот индекс Dow Jones порасна за 0,26 отсто, на 18.019,35 поени, првпат годинава надминувајќи ја психолошки важната бариера 18.000 поени. Високотехнолошкиот индекс Nasdaq скокна за 0,75 отсто, на 4.893,84 поени, што е неговиот максимум од март 2000 година. Индексот на широкиот индекс S&P 500, пак, се зголеми за 0,41 отсто, на 2.096,99 индексни поени, обновувајќи го тридневниот максимум.

Растот на бруто домашниот производ (БДП) во 19-члената еврозона, согласно прелиминарната статистичка агенција на Европската унија Eurostat, во четвртиот квартал од 2014 година бил за 0,9 отсто на годишно ниво и 0,3 отсто на квартално ниво. Притоа аналитичарите предвидуваа раст на БДП на монетарната унија на 0,8 отсто на годишно и од 0,2 отсто на квартално ниво.

Динамиката на БДП-то во најголемата европска економија – Германија, исто така се покажа подобра од прогнозите, и тој се зголемил во четвртото ланско тримесечје за 1,6 отсто на годишно и на 0,7 отсто на квартално ниво, додека аналитичарите очекуваа раст од 1 и од о,3 отсто, соодветно.

Цената на нафтата на светските пазари во петокот се зголеми, што исто така му даде дополнителен поттик на оптимизмот на инвеститорот, а што според некои аналитичари е прекумерно.

„Единствената причина за растот на пазарите на рекордните нивоа, е дека инвеститорите сметаат дека цената на нафтата се стабилизираше по неколкунеделниот пад, и мислам дека нивната реакција е многу позитивна. А тоа загрижува“, вели за агенцијата MarketWatch Ренди Федерик, директор за деривати во „Schwab Center“.

Пазарите очигледно ги игнорира слабите внатрешни американски податоци, коишто покажуваат намалување на довербата на Американците во економијата на САД.

Индексот на расположението на потрошувачите на Мичигенскиот Универзитет во февруари, според прелиминарните процени, неочекувано падна до 93,6 од 98,1 поени во јануари. Аналитичарите, пак, очекуваа задржување на јануарскиот показател, кој беше на највисокото ниво во последните 11 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП