19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој во Европа внимава на секое евро?

Кој во Европа внимава на секое евро?

135625323954ddc0bba90ae078735983_640x427

Економската криза остави трага врз ставот на Австријците во однос на парите, па така 69 проценти од нив внимаваат на секое евро кое ќе го потрошат.

Анкетата на институтот за истражување на јавното мислење „Imas“ покажа дека во споредба со останатите земји, германските домаќинства, значително помалку се под притисокот за штедење, додека италијанскитe, француските и шпанските се значително повеќе.

Речиси половина, поточно 49 проценти од анкетираните лица навеле дека денес мора да се работи понапорно отколку претходно, за да се заработат доволно средства за живот. Само 12 проценти не внимаваат на секој трошок.

Три четвртини научиле повеќе да ги ценат малите работи во животот, а 54 проценти му посветуваат на своето семејство повеќе време, додека 58 проценти пофлексибилно се прилагодуваат на новите ситуации. Поголема солидарност и пари за помош на други лица обезбедуваат само 27 проценти.

Анкетираните лица имале понудени одговори кои ги оценувале како позитивни или негативни.

Доколку се споредат резултати од Австрија и Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Шпанија, можат да се воочат видни разлики меѓу земјите. Кога станува збор за реченицата „Свесно внимавам на секое евро кое ќе го потрошам“, таа била потврдена од 46 проценти во Германија и 80 проценти во Италија.

Исто така и повеќето Французи, поточно 73 проценти, добро размислуваат пред да го потрошат секое евро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП