27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ветува дека „ќе стори сé“

Грција ветува дека „ќе стори сé“

stock-footage-hd-eu-and-greece-flags-flutter-in-the-wind

Грчката влада вети дека „ќе стори сé што е во нејзина моќ“ за следната седмица да постигне договор со своите меѓународни кредитори, расположувајќи ги инвеститорите во периодот кога Атина и Брисел во петокот ги започнаа техничките разговори за договорот.

Стравот од финансиски хаос претходно ги натера штедачите да ги повлечат депозитите од грчките банки. Банкарски извори за Reuters изјавија дека токму тоа е причината што Европската централна банка (ЕСВ) во четвртокот осигури повеќе пари за грчките банки, сума која се проценува на 65 милиони евра, по тешките преговори меѓу министрите за финансии од земјите во еврозоната во понеделникот.

Грчката берза силно порасна откако новиот премиер Алексс Ципрас се согласи неговите соработници да седнат на преговарачката маса со претставниците на трите меѓународни доверители на неговата земја, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, познати како „тројката“.

Сепак, холандскиот министер за финансии, која ќе претседава со состанокот во понеделник, ги ублажува очекувањата во постигнување брзо решение. „И натаму сум многу песимист“, истакна министерот Јероен Дијселбом. Додаде дека очекувањата на Грците од нивната влада се превисоки. „Но можноста, земајќи ја предвид ситуацијата во нивната економија, се многу ограничени. Според тоа, потребни се големи прилагодувања и не знаеме дали ќе ги постигнеме во понеделник“, рече уште холандскиот министер за финансии.

„Ќе сториме сé што можеме за во понеделник да постигнеме договор“, изјави Габриел Сакеларидис, соработник на премиерот Ципрас.

Министрите за финансии од еврозоната не успеаја во средата да се договорат ниту за заедничката изјава за тоа како да се продолжи финансирањето на Грција по истекот на актуелната тригодишна програма за помош која истекува на 28-ми февруари.

Ципрас сака нов пакет, ослободен од непопуларните мерки за штедење, и тешките услови. Меѓутоа, Германија којашто цврсто ја поддржуваат другите 17 членки на еврозоната, е истрајна на тоа дека новата грчка влада треба да го продолжи постојниот аранжман за неколку месеци, додека не развие нова стратегија, доколку тоа го сака.

Сакеларидис, исто така, изјави дека нема да биде катастрофа доколку министрите за финансии во понеделник во Брисел не дојдат до решение. Тој став, пак, во целост не го споделуваат во другите европски престолнини, особено во Берлин и во Хелсинки, каде што секој договор со Грција мора да го ратификуваат тамошните национални парламенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП