27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Брисел стравуваат дека по Грција еврозоната ќе ја напушти и Кипар

Во Брисел стравуваат дека по Грција еврозоната ќе ја напушти и Кипар

kipar nikozija

Економиите на Грција и Кипар се толку тесно испреплетени, што доколку Атина излезе од еврозоната, Никозија ќе биде принудена да го следи нејзиниот пример, сметаат експертите на еврогрупата, советот на министрите за за финансии на земјите членки на Европската монетарна унија, пишува германскиот весник Der Spiegel повикувајќи се на сопствени извори.

Симулирањето на можните сценарија во врска со можното одбивање на Грција да ја користи повеќе единствената европска валута, финансиските експерти одлучиле во таков евентуален случај дека Кипар би добил дополнителен мотив да ја врати националната валута. Во работата на еврогрупата, покрај претставниците на националните финансиски институции учество земале и експерти од Европската комисија и Европската централна банка (ECB), пишува весникот.

„Излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде најскапото од сите можни сценарија“, го цитира Der Spiegel челникот на фондот Европски механизам за стабилност (ESM), Клаус Реглинк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП