23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStatoil планира развој на големо нафтено поле во Норвешка

Statoil планира развој на големо нафтено поле во Норвешка

Statoil-sky_small

Норвешката енергетска компанија Statoil во петокот претстави планови за развој на најголемото наоѓалиште на нафта од осумдесетите години од минатиот век за кое се проценува дека би можело да донесе приходи од околу 1.350 милијарди круни (над 150 милијарди евра) и да креира 50.000 работни места.

„Ова е историски ден“, рече норвешкиот министер за енергетика Тронд Лиен откако го доби нацрт проектот на Statoil и неговите партнери.

Нафтеното поле во Северното море, Johan Sverdrup откриено е во 2010 година и се очекува од него да може да се црпи нафта 50 години.

Прозиводството на полето, кое се наоѓа околу 155 километри западно од јужниот крабрежен град Ставангер, би требало да започне кон крајот на 2019 година.

Владата ќе ги разгледа овие планови пред да бидат испратени во парламентот, кој би требало во текот на годината да ги одобри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП