Иако има диплома од еден од најпрестижните универзитети Харвард (сметководство и финансии), Даниел Сакс во 2009 година не успеал да пронајде работа на најпознатата њујоршка берза, Волстрит.
Како што пишува Business Insider, Сакс се обидел да најде работа во повеќе банки, Goldman Sachs и Morgan Stanley биле само некои од нив, но поради рецесијата не се отворале нови работни места.
Сакс започнал да размислува за покренување на сопствен бизнис и одлучил да му се обрати на семејниот пријател Николас Десмараис кој во тоа време работел за консултантнската компанија до Сан Франциско.
Сакс пет месеци го разгледувал деловниот план, по што се одлучил заедно со Десмараис да ја покренат “AppDirect”-компанија која преку софтвер поддржува трговија на многу големи компании.
Услугите на “AppDirect” денеска ги користат над 20 милиони лица, меѓу кои и најголемите светски компании Comcasta, Deutsche Telekoma и ADP.
Приходите на компанијата четврта година по ред се зголемуваат, а вреднсот ана компанијата е проценета на околу 600 милиони долари.