28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија подготвена да се откаже од „тројката“, само како термин

Германија подготвена да се откаже од „тројката“, само како термин

germanija

Германија нема ништо против тоа „тројката“, којашто ја сочинуваат Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, да престане да се нарекува со тој термин, бидејќи на Грците им е многу омразен, но на Атина , сепак, нема да и појде од рака да се ослободи од „тројката“, изјави во петокот портпаролот на германскиот министер за финансии Волфган Шојбле.

„Доколку е тоа желбата на нашите грчки соговорници „тројката“ повеќе да не ја нарекуваме тројка, германските функционери тоа ќе го почитуваат“, изјави портпаролот Мартин Јагер.

За Грците кредиторите од „тројката“ станаа симбол на тешките жртви што мораат да ги поднесуваат поради строгите мерки на штедење, а новиот премиер Алексис Ципрас вети дека ќе ги откаже, барајќи репрограмирање на начинот на кој Атина ќе се справи со долгот од 320 милијарди евра.

Јагер, во продолжение од изјавата, сепак, појасни дека реално не може да се очекува да престане да функционира инструментот кој го претставуваат инспекторите на „тројката“.

„И во иднина тие институции ќе продолжат да ја работат својата работа“, изјави портпаролот на германското министерство за финанси и додаде дека Германија настојува да се пронајде заедничко решение за да се обезбеди сигурна иднина за Грците.

За официјален Берлин, инаку, единствен можен начин за помош на Грција е продолжување на сегашната програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП