9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia претстави кросовер со хибриден 4x4 погон (фото)

Kia претстави кросовер со хибриден 4×4 погон (фото)

4 soul

На саемот за автомобили кој се одржува во Чикаго, јужнокорејскиот производител го прикажа хибридниот концепт „Trail’ster“ кој е заснован на моделот „Soul“. Aвтомобилот е опремен со турбо-бензински мотор, а благодарејќи на дополнителниот електричен мотор кој ги придвижува задните тркала, „Trail’ster“ има погон 4×4.

Новиот концепт на „Kiа“ го најавува можниот продукциски модел на „Soul“ со погон на сите четири тркала, кој би требало да биде теренска алтернатива на урбаната верзија на овој модел.

4 soul1

Автомобилот е идеален за зимски услови, поради тоа и имаше премиера во овој период од годината и тоа токму во Чикаго, град кој е познат по обилините снежни врнежи и ниските температури.

„Trail’ster“ e поставен на 19-инчни алуминиумски бандажи на кои се монтирани „Pirelli Winter Carving“ зимските гуми со димензии 245/45, a надоврешноста на возилото е обоена во природна „поларно-бисерна“ металик боја.

4 soul2

Автомобилот е опремен со заштитните елементи на долните делови на каросеријата со оглед дека е наменет за возење надвор од градскиот сообраќај и асфалтираните патишта.

Дизајнот на кабината е главно прекопиран од стандардната верзија на моделот „Soul“, a седиштата се обложени со кожа.

Основниот погонски систем го сочинува четирицилиндарски 1.6-литарски турбо-бензинец кој произведува 188 ks (138 kW) и 251 Nm максимален вртежен момент.

4 soul3

Моќта се пренесува на предната осовина со помош на шестбрзинскиот автоматски менувач.

Концептот „Trail’ster“ се разликува од конвенционалниот „Soul“ по дополнителниот електричен мотор кој се наоѓа позади и развива 37 ks (27 kW) и 136 Nm.

Електромоторот се напојува со помош на литиум-јонска батерија, а ги придвижува задните тркала со што се добива погонот 4×4.

4 soul4

Доколку педалата за гас не се стисне премногу, „Trail’ster“ може да се вози само на електрична енергија, но само од 3 до 5 km.

Во вообичаената експлоатација, електромоторот му помага на бензинскиот – комбинираната моќ изнесува 220 „коња“, а максималниот вртежен момент е 386 Nm и допринесува за поголема економичност.

4 soul5

Електричниот мотор се вклучува за време на „офроуд“ возење, по влажен коловоз и секаде кога компјутерот ќе детектира пролизгување на предните тркала, а воедно функционира и како генератор за електрична енергија за време на сопирањето.

Од „Kiа“ велат дека хибридниот концепт е 25-30 oтсто поекономичен во градско возење од „Soul“ со бензински мотор, додека заштедата на гориво на автопат е од 5 до 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП