2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаборавете се што сте прочитале за појадокот. Ова се новите правила

Заборавете се што сте прочитале за појадокот. Ова се новите правила

73123_profimedia0081933408_520x350

Заборавете на муслите и овошјето, бидејќи според новите правила би требало токму нив да ги избегнувате. Наутро наместо тоа, поздраво би било да консумирате протеини и салата со маслиново масло и сок од лимон.

Броењето на калориите, според зборовите на нутриционистите, никако нема да ве одведе на правиот пат, но наместо такви пресметки би требало да размислувате за изворот на калориите.

Да речеме, 100 калории кељ секако ќе бидат покорисни отколку 100 калории од некое чоколадо. Исто така, посветете внимание и на следните три нешта:

Оддадете почит кон стапалата

67224_profimedia0006812490_630x0

Додека миете садови или додека зборувате на телефон, правете едноставни вежби, а вашите нозе, половина и грб ќе ви бидат навистина благодарни.

Исто така би требало да го намалите бројот на часови минати во неудобни чевли со високи потпетици, а кога ќе ги носите, потрудете се од време на време да ги соблечете и да ги протегнете нозете. Две минути можат да направат навистина голема разлика.

Маслиновото масло е за во салата, не за во тава

29042_kosa-maslinovo-ulje-foto01-Public-Shutterstock_630x0

Сите благодети на маслиновото масло исчезнуваат во оној момент кога ќе го изложите на високи температури. Поради тоа би било најдобро да го користите во сиров облик, како прелив за салата. Исто така, наутро на празен желудник може да консумирате мешавина од една мала лажичка маслиново масло и една мала лажичка сок од лимон.

Прошетајте пет минути на секој час

75426_profimedia0197705308_630x0

Запишете го ова правило на парче хартија и залепете го на компјутерот во канцеларија. После еден час работа, станете, прошетајте се малку или качувајте се по скали. Ако имате сопствена канцеларија, тогаш ќе ви биде и полесно бидејќи ќе може да направите и неколку јога вежби. Овие активности ќе ви помогнат да го „рестартирате сопствениот ум“, особено во утринските часови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП