22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Остар пад на даночните приходи и депозитите во банките

Грција: Остар пад на даночните приходи и депозитите во банките

grcija evro

Грчките даночни приходи падна во јануари за 23 отсто во однос на планираните, бидејќи граѓаните не ги плаќаат обврските во надеж дека владата под водство на Сириза ќе го одржи ветувањето за укинување на некои даноци, како оној за имот.

Според податоците на грчкото министерство за финансии, во јануари даночните приходи изнесуваше 3,5 милијарди евра, или околу една милијарда помалку во однос на буџетскиот план, што е лоша вест за владата која нема намера да ја продолжи програмата за меѓународна помош на ЕУ и ММФ во вредност од 240 милијарди евра, која истекнува кон крајот на месецот.

Без програмата, на Атина би можело да и недостасуваат средства за исплата на обврските кои доспеваат во следните месеци, но радикалната левичарска партија Сириза победи на 25 јануари на парламентарните избори врз основа на ветувањето дека нема да ја продолжи програмата која на Грција и наметна строги мерки на штедење. Поради тоа преговара со партнерите во еврозоната за можно поинакво решение и да одложи  одделни реформи.

По узбуната во медиуите поради падот на јануарските даночни приходи, владата порача дека е уверена дека ќе ги прибере даноците.

„Постечките даночни обврски кои  се одложени веруваме дека ќе успееме да ги прибереме во следните месеци“, рече заменик минисерот за финансии Димитрис Мардас.

Добра вест за Атина стигна од лондонската аналитичка компанија CrossBorder Capital, според која одливот на пари од Грција е многу помал од што се плашеа многумина.

Според податоците, од минатиот месец од Грција се одлеале 177 милиони долари, додека во декември изнесуваше 166 милиони, а во ноември 149. Тоа е значително помалку во споредба со 2,4 милијарди долари колку што изнесуваше во август минатата година.

„Податоците за јануари покажуваат дека Грција е постабилна од стравувањата на многумина“, соопшти CrossBorder Capital.

Сепак, ова не ги намалува проблемите на локалниот финансиски систем, бидејќи, според податоците на грчката централна банка, во декември изнозот на депозити на компаниите и домаќинствата во банките е намален за 4 милијарди евра. Банкарите проценуваат дека од банките во јануари биле повлечени дополнителни 12 милијарди евра, како и дека вкупните депозити во грчките банки паднале под 150 милијарди евра.

Банкарите велат дека тоа е последица на стравувањата на граѓаните од последиците од евентуално излегување на Грција од еврозоната, поради што грчките банки би можеле да се најдат во големи проблеми. Поради одливот на пари на грчките банки со итни кредити им помага ЕЦБ.

„Да биде јасно, парите излегле од грчките банки, но не излегле од грчката економија. Граѓаните ги повлекле парите од грчките банки, но не ги изнеле од државата, туку ги држат под душек или ги депонириаат во подружниците на странските банки“, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП