3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата и прекинот на огнот во Украина го поттикнаа Волстрит

Цените на нафтата и прекинот на огнот во Украина го поттикнаа Волстрит

Wall Street surge

На Волстрит цените на акциите во четвртокот пораснаа, најмногу во технолошкиот сектор, а позитивно на пазарите влијаеја и растот на цената на нафтата и договорот за прекин на огнот во Украина.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,62 отсто, на 17.972 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,96 отсто, на 2.088 поени, а индексот Nasdaq скокна за 1,18 отсто, на 4.857 индексни поени.

Силно, за 1,3 отсто зајакна S&P индексот на енергетскиот сектор, бидејќи цените на нафтата скокнаа за речиси 5 отсто, благодарејќи во прв ред на намалувањето на геополитичките тензии по договорот за прекин на огнот во Украина. Челниците на Украина, Русија, Германија и Франција, имено, во четвртокот претпладнето во белоруската престолнина Минск постигнаа договор за прекин на огнот во источните украински региони.

„На пазарите владееше добро расположение благодарејќи на намалувањето на геополитичките ризици, додека растот на цената на нафтата пружи дополнителна поддршка“, вели во анкетата за Reuters Мајкл Малејни, директор на компанијата „Fiduciary Trust“.

На смирувањето на напнатоста на пазарите влијаеше и веста дека Грција се согласила да разговара со ткн „тројката“ странски доверители, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за да изнајдат заедничка основа за натамошното продолжување на преговорите за решавањето на проблемот на грчките долгови. Европската централна банка, во меѓувреме, ја продолжи помошта за грчките банки за уште една седмица, за да се добие во време за преговорите. Грција, имено, не сака да го продолжи договорот за 240 милијарди евра вредната помошта од ЕУ и ММФ, кој истекнува на 28-ми февруари., поради што може да остане без пари за исплата на доспеаните странски долгови. Претставниците на Атина и еврозоната за тоа ќе се расправа во понеделник, 16-ти февруари.

Поради сето тоа, во четвртокот во втор план останаа вестите кои укажуваат на забавување на растот она американската економија. Минатата седмица, имено, бројот на новите барања за помош за невработените порасна повеќе отколку што се очекуваше, додека прометот во трговијата на мало се зголеми за само 0,1 отсто, помалку отколку пред еден месец и помалку отколку што очекуваа аналитичарите.

Од друга страна, поддршка на пазарот му дадоа кварталните деловни извештаи, бидејќи повеќето компании објавија подобри финансиски резултати отколку што се очекуваше. Досега квартални деловни извештаи објавија околу 76 отсто од компаниите од составот на индексот S&P 500, при што 71,4 отсто од нив оствариле поголема добивка отколку што се очекуваше, додека 56,8 отсто ги натфрлиле процените за приходите. Меѓутоа, процените на аналитичарите беа ниски, па на компаниите не им е тешко да ги надминуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП