29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиските каматни стапки и рефинансирањето го намалија профитот на AIG

Ниските каматни стапки и рефинансирањето го намалија профитот на AIG

aig maig

Американската осигурителна групација „AIG“ забележа во четвртиот квартал профит понизок од очекуваниот, а причината за тоа се ниските каматни стапки и рефинансирање на долговите.

Најголемата осигурителна куќа во САД и Канада во последниот минатогодишен квартал евидентирала пад на нето заработката од 67 oтсто или на 655 милиони долари, односно 0.46 долари по акција, во однос на 2.0 милијарди или 1.34 долари по акција од истиот период од 2013-та, пренесува „Ројтерс“.

Aналитичарите кои учествувале во анкетата на „Ројтерс“ предвидуваа заработка од 1.05 проценти по акција. „AIG“ најави исплата на дивиденда од 0.12 долари по акција и откуп на акции во вредност од 2.5 милијарди долари.

Со каматна стапка близу нулата, инвеститорите, вклучувајќи ја и осигурителната куќа, може да остварат заработка, констатираат од агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП