17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKомпактните SUV модели заземаат се поголем удел во Европа

Kомпактните SUV модели заземаат се поголем удел во Европа

premium krosoveri

Продажбата на компактни кросовери во европскиот премиум-сегмент за прв пат ќе мине половина милион единици во оваа година. Тоа ќе се случи благодарение на новите модели на „BMW“, „Land Rover“ и „Mercedes-Benz“, пишува весникот „Automotive News“.

Во моментов овој сегмент е еден од најдинамичните. Во 2010-та година во него се продадени 270.000 примероци, додека според аналитичарите на пазарот следната година продажбата на компактните премиум-кросовери на „Стариот континент“ ќе достигне 600.000 единици.

Според резултатите за 2014-та година на прво место по продажба е „Audi Q3“, следен од „Volvo XC60“, кој забележа најголем раст од 35%. На третата позиција минатата година се рангираше „BMW X1“. Токму новата генерација на баварскиот модел се очекува да и помогне на компанијата да го заземе првото место во сегментот во 2016-та година и да остане таму барем две години, прогнозираат од „Automotive News“.

premium krosoveri11

Во оваа година конкуренција во сегментот ќе се засили и благодарение на „Mercedes-Benz“, кој ќе го лансира на пазарот својот „GLC“. Моделот треба да го замени досегашниот „GLK“, а ќе се нуди и со десен волан. Ова ќе му помогне да се наметне на пазарот во Велика Британија, кој е втор по големина во Европа.

За растот на продажбата во сегментот ќе помогне и новиот „Land Rover Discovery Sport“, кој го замени „Freelander“. Очекувањата се резултатите на „Discovery Sport“ барем два пати да ги надминуваат оние на „Freelander“ и да достигнат 40.000 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП