4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Не уценуваме и не даваме да нé уценуваат

Ципрас: Не уценуваме и не даваме да нé уценуваат

tsipras1

Грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна во Брисел дека неговата земја никого не уценува, но и дека нема да дозволи да биде уценувана.

„Грција не уценува и не ги прифаќа уцените“, изјави Алексис Ципрас на прес-конференцијата по завршувањето на самитот на Европската унија во четвртокот навечер во Брисел, првиот на кој учествуваше новиот грчки премиер.

На самитот, инаку, немаше расправа за Грција, освен што европските челници беа запознаени со текот на состанокот на министрите за финансии од земјите членки на еврозоната кој се одржа во средата навечер, а заврши без заедничка изјава, иако речиси беше договорена.

Дел од учесниците на маратонскиот состанок на еврогрупата веќе заминаа, мислејќи дека е договорена заедничката изјава и дека со неа се согласил и грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис. Меѓу оние коишто веќе си заминаа, убедени дека изјавата е прифатена, беше и германскиот министер за финансии Волфганфг Шојбле. Меѓутоа, Варуфакис откако имаше уште една консултација со Атина одби да ја потпише споменатата изјава.

Ципрас се пожали дека состанокот на еврогрупата во „атмосфера застрашување“ опасноста од банкрот доколку Грција не ги прифати предлозите на своите европски партнери. „Ние не потпишавме и не се случи никаква катастрофа“, изјави грчкиот премиер.

Клучните разговор за ситуацијата и иднината на Грција во еврозоната ќе се одржат во понеделник, на 16-ти февруари, на состанокот на министрите за финансии од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП