29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се зголеми ли минималната плата?

Ќе се зголеми ли минималната плата?

minimalna-plata

Во следните седум дена се очекува Економско-социјалниот совет да одржи седница на која ќе го разгледа предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на висината на минималната плата.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, очекува дека нема да има проблеми при дефинирањето на износот на минималната плата за 2013 година.

– Во договор со членовите на Економско-социјалниот совет ќе ја закажеме седницата. На неа ќе се разгледа законското усогласување на минималната плата согласно податоците од Државниот завод за статистика. Економско-социјалниот совет има обврска да даде мислење за висината на минималната плата, а имајќи предвид дека во Советот има претставници од синдикатите и работодавачите, очекувам дека нема да имаме проблеми во дефинирањето на износот на минималната плата за 2013 година, изјави Ристовски по денешната средба со Сојузот на здруженија на пензионери.

Минатата недела, Сојузот на синдикати на Македонија побара итно свикување на Економско-социјалниот совет со цел да се утврди висината на минималната плата, имајќи го предвид зголемувањето на исплатената бруто-плата минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП