18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија изненади со растот

Германија изненади со растот

67829410154aaa20c8368e122993156_orig

Германија забележа економски раст од 0,7 проценти во четвртиот квартал минатата година во однос на претходниот квартал, што е повеќе од очекуваното.

Растот во четвртиот квартал покажува забрзување на економските активности на најголемата економија во Европа. Во третиот квартал минатата година, Германија имала послаб раст од 0,1 проценти и незначителен пад на економските активности од 0,1 проценти во вториот квартал

Поради подобриот од очекуваниот раст во четвртиот квартал, зголемена е и прогнозата за економскиот раст на Германија за цела 2014 година во однос на првата проценка објавена минатиот месец, на 1,6 проценти во однос на 1,5 проценти, колку што изнесуваше првичната проценка.

Германската влада за 2015 година предвидува економски раст од 1,5 проценти, сметајќи повторно на внатрешната потрошувачка која беше мотор на растот и минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП