20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекинат штрајкот на машиновозачите, преговори од понеделник

Прекинат штрајкот на машиновозачите, преговори од понеделник

cuv cuv lokomotiva

Синдикатите на машиновозачите во петок наутро го прекинаа штрајкот, откако било договорено од понеделник да започнат преговори за нивните барања.

„Постигнавме договор колективниот договор да биде потпишан  во рок од две недели до еден месец, за што ќе преговараме со министрите за транспорт и за труд и социјална политика Јанакиески и Диме Спасов“, изјави за МИА Латко Јовановски, претседател на Независниот синдкат на машиновозачите на Македонија.

Според Јовановски, ќе се преговара и за барањето за промена на пресметката на бенифицираниот стаж.

„Бараме да се врати поранешната пресметка со која на секоја година имавме четири месеци бефинициран стаж, односно на секои три години по една година, а не како сега една година на четири години“, рече Јовановски.

Тој додаде дека бил постигнат договор и за барањето за исплата на платата еднократно, а не двапати месечно, а ќе се преговара и за останатите синдикални барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП