17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat го враќа популарниот модел 124 (фото)

Fiat го враќа популарниот модел 124 (фото)

fiat-124-spider-b2

„Fiat“ го враќа на пазарот името на еден од најуспешните модели. „Fiat 124“ ќе се прероди како роудстер, објави „Auto Express“.

На крајот на минатата година италијанската компанија ги регистрираше во патентниот завод имињата „124“ и „124 Spider“. Тие ќе бидат искористени токму за идниот спортски модел на „Fiat“, кој се развива во соработка со „Mazda“, тврди британското издание.

fiat-124-post-2

Првично Италијанците предвидуваа да го продаваат моделот под брендот „Alfa Romeo“. Но, откако објавија дека новата продукција на спортската марка ќе биде 100% италијанска, очигледно се одлучиле да го користат амблемот на „Fiat“.

Обновениот „Fiat 124“, кој ќе има отворена и купе верзија, ќе ја заземе шасијата и платформата на новата „Mazda MX-5“. Дизајнот сепак му ќе биде различен, исполнет во стилот на оригиналот. Се разбира моделот нема да биде инспириран од караванот или седанот, туку од спортските модели „Fiat 124 Coupé“ и „Fiat 124 Sport Spider“.

fi 1242

Моторите ќе бидат на „Fiat“, со мал обем и висока моќност. Вкупната тежина на моделот се очекува да биде под еден тон.

Спортскиот автомобил ќе има и спортска модификација, дело на „Abarth“. Таа ќе располага со околу 200 КС и ќе има спортски дизајн и перформанси.

Моделот треба да биде готов догодина, а верзијата на „Abarth“ ќе има премиера во 2017-та година.

fi 1243

Оригиналниот „Fiat 124“ се произведуваше во периодот 1966-1974 година во верзии комби и седан. Во 1967-ма година моделот станува „Автомобил на годината во Европа“ и тоа е главната причина во тоа време советски „ВАЗ“ да го користи како основа на својот модел.

Покрај седан и караван, „Fiat“ понуди уште два модели под името „124“. Тоа се „124 Coupe“ (1967-1975) и „124 Sport Spider“ (1966 – 1985).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП