16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија не може да си дозволи да не разговара со Русија

Унгарија не може да си дозволи да не разговара со Русија

ungarijabro782fgf3jrt

Унгарија не може себе да си дозволи да не разговара со Русија за обезбедување на испораки на гас, порача во четвртокот унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијатро.

„Поради откажувањето на два проекти за изградба на гасоводите, Набуко и Јужен поток, единствен начин да обезбедиме енергетска безбедност на Унгарија е да преговараме со Русија“, изјави Сијатро за американската агенција Асошиејтед прес.

Според него, околу 85 отсто од потребите за гас Унгарија ги покрива со увоз од Русија, додека унгарските домаќинства и идустрија се особено зависни од природниот гас.

АП наведе рускиот претседател Владими Путин следниот вторник ќе ја посети Унгарија, а клучна тема на неговиот разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбанќе бидат нови гасни договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП