8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Отпис на долгот нема да и помогне на Грција

Бундесбанк: Отпис на долгот нема да и помогне на Грција

deutsche- bundesbank54645

Нов отпис на долговите нема да и помогне на Грција да излезе од актуелната криза, изјави во четвртокот гувернерот на централната банка на Германија (Bundesbank), Јенс Вајдман.

„Со оглед дека доспевањето на грчкиот долг за наплата е долгорочно, а просечната каматна стапка е многу ниска, дополнителен отпис на долгот нема позначително да ја измени состојбата во поглед на ликвидноста на Грција“, рече Вајдман на банкарски конгрес во Лондон.

„Освен тоа, дополнително олабавување на договорените услови би било контрапродуктивно по настојувањата на грчката влада да ја поврати довербата на инвеститорите во одржливост на грчкиот долг, а исто така би им донел трошок на даночните обврзници во другите членки на еврозоната“, предупреди германскиот гувернер.

Вајдман истакна дека во самиот интерес на Грција е да го стори тоа што е потребно за да се избори со актуелните структурни и фискални проблеми.

„На Грција и натаму ќе и биде потребна помош, но помош може да и биде дадена единствено ако се почитуваат склучените договори“, рече Вајдман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП