1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Мала е опасноста од ширење на грчките превирања врз еврозоната

S&P: Мала е опасноста од ширење на грчките превирања врз еврозоната

standard-and-poor_0

Ризикот од ширење на превирањата од Грција врз останатите членки на еврозоната е мал, изјави претставник на агенцијата за кредитен рејтинг Standard and Poor’s (S&P) за германските медиуми.

„Премијата на ризик за Грција повторно драстично порасна, но паниката не се прошири врз другите држави претходно погодени од криза. Опасноста од ширење на грчките превирања всушност не се чини дека е голема“, вели претставникот на S&P задолжен за кредитни рејтинзи на државите Мориц Крамер за германскиот весник Boersen-Zeitung.

Пред неколку години во екот на првата грчка криза финансиските пазари ги зафати паника, по што силно пораснаа и цените на задолжувањето на останатите членки на еврозоната, како што се Грција, Ирска, Шпанија и Италија.

Крамер вели дека еврозоната денеска може да излезе на крај со евентуалното излегување на Грција од еврозоната, иако признава дека е тешко да се предвидат ризиците поврзани со можноста на нејзино излегување од 19-члената еврозона поради примена на единствената европска валута.

„Грчката економија е многу слаба и нејзината поврзаност со остатокот од еврозоната се уште е помала од што сугерира додадената вредност“, вели Крамер, додавајќи дека и поради тоа опасноста од ширење на другите држави сега е помала.

Тој исто така смета дека врз кредитните рејтинзи на грчките заемодавачи не би влијаело негативно доколу заемите на Грција би морале да бидат отпишани.

„Спротивно на јавната перцепција, размерите на побарување воопшто не се толку големи во однос на економската сила на кредитори“, толкува Крамер, додавајќи дека Берлин многу повеќе пари издвои за потребите за спасување на германските банки во текот на глобалната финансиска криза отколку да ги загуби сите пари кои ги има позајмено на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП