19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМогерини не очекува разговори за санкциите на Русија

Могерини не очекува разговори за санкциите на Русија

lead-Federica-Mogherini-

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Федерика Могерини, пред одржувањето на европскиот самит во Брисел изјави дека не очекува дека челниците на ЕУ ќе разговараат за санкциите против Русија, имајќи предвид дека прекинот на огнот е договорен во Минск.

„Договор од Минск е важен, но не е конечен. Мислам дека нема да разговараме за санкциите. Сега работиме на тоа со сите средства кои ЕУ ги има на располагање да го покренеме спроведувањето на договорот. Тоа ќе биде темата на денешниот самит. Постојат клучни работи кои ЕУ може да ги стори од моментот кога во недела ќе стапи на сила прекинот на огнот“, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

ЕУ во понеделникот одлучи, делумно и поради внатрешните противења, за една седмица да го одложи проширувањето на листата со санкционирани правни и физички лица во Украина за да и’ даде време на дипломатијата и да види дали ќе даде резултат француско-германскиот мировен план за Украина. Брисел во понеделникот најави дека би можел да се откаже од додавањето на дополнителни имиња, доколку има вистински прекин на огнот.

„Денеска главното прашање ќе биде како да се помогне зракот светлина да се претвори во стварно решение на судирот. Мораме сета наша енергија да ја вложиме во тоа тој зрак да се засили“, рече Могерини.

Челниците со Украина, Русија, Германија и Франција се договорија во четвртокот во белоруската престолнина Минск по 16-часовни преговори договорија прекин на борбите во источна Украина. Договорот подразбира во прв ред итен и одржлив прекин на огнот кој стапува на сила во недела од полноќ по киевско време на 15-ти февруари, по што треба да следи повлекување на тешкото вооружување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП