28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на Волстртит поради преговорите за Грција и Украина

Внимателност на Волстртит поради преговорите за Грција и Украина

berza1

Внимателно се тргуваше во средата на Волстртит со оглед дека инвеститорите не беа расположени позначително да ги менуваат позициите поради неизвеснота во врска со преговорите за грчкиот долг и украинската криза.

Dow Jones ослабна 0,04 отсто, на 17.862 поени, додека S&P 500 остана непроменет на 2.068 поени, додека Nasdaq зајакна 0,28 отсто, на 4.81 поен.

Во фокусот на инвеститорите се најде состанокт на министерот за финансии на еврозоната во Брисел во врска со грчкиот долг. Во пресрет на состаноците беа обавени низа контрадикторни вести, па од една страна се трвдеше дека има малку изгледи за постигнување на договор за начинот на решавање на проблемот со грчките долгови, додека од друга страна се најавуваше компромис.

„Состојбата во Грција моментно е во центарот на вниманието, а со оглед деа исходот е неизвесен, многу инвеститорите не се вклучуваат во тргувањето“, вели Баки Хелвиг, потпретседател во фондот BB&T Wealth Management.

По затворањето на Волстрит, беше објавено дека преговорите во Брисел не донесоа конректни резултати и дека ќе продолжат во понеделник.

Во Минск, пак, челниците на Украина, Русија, Германија и Франција преговараа за условите за мир во Украина, но до затворањето на Волстртит од главниот град на Белорусија немаше вести кои би ја придвижиле берзата во една или друга насока.

Растот на индексот Nasdaq најмногу се должи на растот на цените на акциите на Apple за натамошни 2,3 отсто, откако еден ден претходно порасна за околу два отсто, поради што пазарната вредност на рехнолошкиот гогант надмина рекордни 700 милијарди долари.

Значително вчера, за 2, отсто, порасна и цената на акцијата на PepsiCo, откако производителот на газирани пијалоци извести за подобри од очекуваните деловни резултати во последниот квартал од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП