17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi става акцент на водородните автомобили

Audi става акцент на водородните автомобили

hidro audi

„Audi“ става сериозен акцент на водородните автомобили, станува јасно од соопштението на германската компанија, во кое се вели дека производителот има стекнато „пакет од патенти“ поврзани со технологијата на горивните ќелии.

Патентите биле купени од компанијата „Ballard Power Systems“, но цената на договорот не се наведува. Станува јасно дека стекнатите технологии ќе се користат од сите марки на „Volkswagen Group“.

„„Audi“ ги стекна овие стратешки важни патенти за целата групација и ќе ги обезбеди сите брендови. На овој начин ние обезбедивме клучна експертиза која ќе даде нов поттик во понатамошниот развој на системите со горивни ќелии“, вели техничкиот директор на компанијата д-р Улрих Хакенберг.

hidro audi1

Не беа објавени детали за предметните нови технологии. Најверојатно сепак тие ќе бидат употребени за усовршување и маркетинг на сегашните прототипи со горивни ќелии на „Audi“.

Последниот таков автомобил компанијата го покажа пред неколку месеци. Тој е базиран на моделот „A7“, забрзува од место до 100 км/час за 7.9 секунди и има автономна километражата од 500 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП