Капитенот на македонската репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го продолжил договорот со шпанскиот шампион Барселона.
Според новиот договор Лазаров во престолнината на Каталонија ќе остане до 2017-та година.
Лазаров во Барселона пристигна во летниот преоден рок во 2013-та година кога банкрот прогласи неговиот тогашен тим Атлетико Мадрид.
За две години, Лазаров со Барселона има освоено девет титули.
Во кариерата, капитенот на македонската репрезентација настапуваше и за Атлетико Мадрид, Сиудад Реал, Загреб, Веспрем и Пелистер.
Renovació Kiril Lazarov / Renovación Kiril Lazarov by fcbarcelona