18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGermanwings започнува дводневен штрајк

Germanwings започнува дводневен штрајк

german vings

Пилотите на авиокомпанија на „Lufthansa“, „Germanwings“ почнуваат дводневен штрајк. Синдикатот на германските пилоти „Vereinigung Cockpit“ (VC) сака да изврши притисок врз менаџментот во тековниот спор околу платите и условите на работа, соопштува „Ројтерс“.

Пилотите од „VC“ одржаа 10 штрајкови во минатата година, а со тоа избришаа околу 200 милиони евра од оперативната добивка на „Lufthansa“ за 2014-та година. Компанијата се обидува да ги намали трошоците, за да остане конкурентна на пазарот.

Штрајкот ќе влијае на полетувањата од Германија и ќе трае до 23:59 часот според германско време во петок.

„Germanwings“, која врши летови на кратки растојанија во Европа во средата објави дека очекува повеќе од 60% од 900 летови за времето на штрајкот да бидат преземени од пилоти-волонтери или од чартер авиони на други авиокомпании.

Раздорот меѓу пилотите и управата се условите за предвремено пензионирање, кои „Lufthansa“ сака да ги смени за новите пилоти.

Сегашната шема им овозможува на пилотите да се пензионираат на 55 години и да добиваат дел од платата, додека државната пензија не почне да им тече. „Lufthansa“ сака да ја зголеми најраната возраст со која пилотите можат да се пензионираат, па така да ја зголеми границата и за да ги намали трошоците.

Пилотите исто така инсистираат управата да учествува во преговорите за продолжување на нискотарифните летови. Досега „Lufthansa“ одбива да го направи.

Пилотите се противат на начинот на кој „Lufthansa“ ја одржува својата експанзија во секторот. Компанијата користи мали компании, кои не се предмет на истите колективни договори како на пилотите од „Lufthansa“ и „Germanwings“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП