2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и Грција остануваат насочени кон постигнување на договор

ЕУ и Грција остануваат насочени кон постигнување на договор

grcka-eu-slagalica-540x320

Новата грчка влада и меѓународните кредитори не успеаа да се договарат за тоа како понатаму со програмата за помош, а следниот обид да дојдат до договор ќе го имаат веќе во понеделник, пренесуваат светските медиуми.

За време на седумчасовниот итен состанок во Брисел, министрите за финансии на Еврозоната со Грците не можеа да усогласат ниту заедничка изјава околу следните чекори. Меѓутоа двете страни не сакаат да говорат за неуспех и инсистираат дека нема раздор.

„Имавме интензивни разговори, конструктивни, покривме многу области, остваривме и напредок, но недоволен за да дојдеме до заеднички заклучок“, изјавил Јерун Дајселблум, претседател на Еврогрупата.

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис изјавил дека „сега двете страни се насочени кон идниот состанок во понеделник“.

„Се надеваме дека тогаш ќе дојдеме до заклучок кој ќе биде оптимален и од перспективата на Грција и од европските партнери“, порачал грчкиот министер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП