18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите купиле најмногу злато

Русите купиле најмногу злато

gold_bullion

Русија е најголемиот купувач на злато – руските златни резерви се на највисоко ниво од 1993 година. Во текот на 2014 година Русија купила 173 тони злато, кое сега сочинува 12 проценти од вкупните странски резерви.

Истовремено, Украина продала најмногу злато, настојувајќи да набави пари за санација на воените штети и други потреби.

Агенциите пренесуваат дека централните банки на разни земји минатата година купиле дури 477,2 тони злато, што е втора најголема количина во последните 50 години.

Тоа е за 17 проценти повеќе во однос на минатата година, а со оглед на просечната цена на златото – се проценува дека потрошиле вкупно 19,4 милијарди долари.

Централните банки во последните пет години повторно ги зголемуваат златните резерви, со што е прекинат трендот за продажба кој траеше од доцните 80-ти години од минатиот век.

Најмногу злато купуваат земјите во развој, кои сакаат да ги пополнат своите резерви, па се очекува дека побарувачката за злато и понатаму ќе остане голема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП