16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанскиот крал си ја намали платата

Шпанскиот крал си ја намали платата

Spain's King Felipe VI

Новиот крал на Шпанија, Филип Шести, ја намали својата плата за 20 проценти во 2015 гоина, што е во согласност со неговите ветувања за поскромна монархија.

Во соопштението од кралската палата се наведува дека буџетот на кралското домаќинство во 2015 година ќе изнесува 234.204 евра, што е за една петтина помалку во споредба со буџетот на неговиот татко и претходник, Хуан Карлос.

Хуан Карлос, кој ја задржа почесната титула крал, ќе добие 187.356 евра.

Буџетот на кралската палата, кој беше замрзнат или значително намален од 2009 година, поради тешката економска криза во Шпанија, останува непроменет во 2015 година и ќе изнесува 7,8 милиони евра.

Филип (47) се бори да ја поправи сликата на монархијата во јавноста, која е нарушена со бројните скандали во претходните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП