3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈан Питлик го засили стручниот штаб на ЖРК Вардар

Јан Питлик го засили стручниот штаб на ЖРК Вардар

Jan Pytlick (410x210)

Поранешен селектор на Данска, Јан Питлик (49) во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на македонскиот женски првак ЖРК Вардар, објави клубот на својата интернет страница.

Според договорот за соработка, Питлик ќе помогне во подготовка на екипата за настапот во Лигата на шампионите, со оглед на големото искуство што го има од водењето на репрезентацијата на Данска.

Доаѓањето на Питлик нема да ја загрози позицијата на Индира Кастратовиќ која ќе остане прв тренер на екипата.

Питлик во ЖРК Вардар ќе ја преземе позицијата која ја имаше неговиот сонародник Ким Расмусен кој во Скопје дојде на почетокот на годината но си замина по неполн месец.

Питлик беше селектор на женската репрезентација на Данска од 1998 до 2006 година, а потоа од 2007 до 2014. Во негово време Данките двапати беа олимписки првенки во 2000 и 2004 година. По ЕП во 2014 година заврши и неговата соработка со Данска. Со репрезентацијата на Данска освои и злато на ЕП 2002, и две сребра на ЕП 1998 и ЕП 2004.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП