15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле ѝ порача на Грција дека програмата мора да се спроведе или...

Шојбле ѝ порача на Грција дека програмата мора да се спроведе или ќе ја нема

shojble

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ѝ порача на Грција во средата навечер дека секоја земја е слободна да стори што сака, но дека програмата за финансиската програма треба да се спроведе до крајот или повеќе нема да има меѓународна помош.

„Секоја земја целосно е слободна да прави што сака. Меѓутоа, ние ја имаме програма и таа треба да се спроведе до крајот или повеќе нема да има програма“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле по доаѓањето на вонредниот состанок на еврогрупата, форумот на министрите за финансии на земјите членки еврозоната.

Еврозоната сака Грција да побара продолжување на сегашната програма за финансиската меѓународна помош пред евентуално да се разгледа можноста за олеснување на должничкиот товар. Одлуката треба да биде донесена најдоцна до 16-ти февруари, кога повторно ќе се одржи состанокот на еврогрупата, бидејќи кај повеќето земји членки на еврозоната во парламентите мора да ја одобрат таа одлука.

И еврокомесарот за финансиски и економски работи Пјер Московиси, порача дека сегашната програма за помош е подолга за натамошна соработка со Грција. „Програмата е правна основа и рамка. Тешко е да се отфрли“, изјави Московиси, предупредувајќи дека мора да се води сметка за избирачите во Грција, но и во Германија, Финска, Франција, Италија, Словенија…

Инаку познат по елоквентноста од изминатава седмица грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, кому ова му беше првиот состанок на еврогрупата, даде многу куса изјава  во една реченица. „Убеден сум дека ќе имаме конструктивна средба“, рече.

Новата грчка влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза не сака повеќе да соработува со ткн „тројка“, односно претставниците на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, односно грчките странски доверители кои проверуваат дали и колку се остваруваат преземените обврски за кастрење на буџетските расходи во замена за помошта во износ од 240 милијарди евра.

Германскиот министер Шојбле порача дека Атина мора да разговара со трите институции, доколку изразот „тројка“ им е проблематична.

На вечерашниот состанок не се очекуваат никакви одлуки. За позицијата во Грција во еврозоната ќе се разговара и во четвртокот на неформалниот самит во Европската унија, на кој првпат ќе присуствува Алексис Ципрас. На самитот е повикан и претседателот на еврогрупата Јероен Дијсеблом, кој челниците на земјите членки на ЕУ ќе ги извести за текот на состанокот од ноќта кон четвртокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП