12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ја прекинува приватизацијата на пристаништата

Грција ја прекинува приватизацијата на пристаништата

solun 35

Грчката влада денеска потврди дека ја прекинува приватизацијата на пристаништата во Пиреја и Солун, демантирајќи ги пишувањата на одделни медиуми дека би можела да ги продаде пристаништата и покрај најавеното прекинување на постапката.

Новата грчка влада на премиерот Алексис Ципрас преговара за поништување на клучните услови од меѓународната кредитна програма, вклучително и, како што велат, криминалната распродажба на стратешки националниот имот. Кредитната програма истекува кон крајот на месецот и Атина не сака да ја продолжи и со тоа да попушти на притисокот на клучните доверители во еврозоната и во ММФ.

„Не преговараме за натамошна продажба, ниту за приватизација на пристаништата во Пиреја и во Солун“, изјави за грчката телевизија портпаролот на владата Габриел Сакеларидис.

Кинеската компанија Cosco управува со два пристанишни терминали во пирејското пристаниште и според минатогодшната програма за приватизација влезе во потесен избор за купување на 67 отсто од уделот во пристаништето. Атина, пак, порачува дека не е против давање на концесија на кинеската компанија, туку дека не сака да го продава пристаништето.

Критика на сметка на владината политика упати и грчката компанија за развој на недвижности Lamda Development, оценувајќи дека изјавите на министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, жесток противник на приватизацијата, ќе им наштети на инвестициите во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП