21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК не ја коментира намерата на Грција да побара финансиска помош од...

ЕК не ја коментира намерата на Грција да побара финансиска помош од Русија

ek grece

Европската комисија не ја коментира намерата на Грција да се обрати со барање кон Русија за финансиска помош во случај на недостиг на договор со Еврогрупата, изјави денеска портпаролката на ЕК Мина Андреева.

Тоа е хипотетичко прашање. Видовме дека Русија најави дека може да разгледа такво барање, ако тоа биде упатено. Сите проблеми, поврзани со финансиската помош за Грција, се разгледуваат на ниво на Еврогрупа, рече Андреева.

Еврогрупата денеска има состанок, поветен на финансиско­економската ситуација во Грција.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави денеска по средбата во Москва со грчкиот колега Никос Коѕиас, дека Русија ќе го разгледа барањето на Грција за финансиска помош, ако ваква молба биде упатена.

Лавров додаде дека со Коѕиас ја разгледале финансиската состојба на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП