20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекумерната понуда ја спушти цената на нафтата под 56 долари

Прекумерната понуда ја спушти цената на нафтата под 56 долари

Oil-price-falls

Цената на барел нафта се спушти во средата на светските берзи под ниво од 56 долари под притисок на очекувањата дека прекумерната понуда ќе потрае, како и од податоците за натамошен раст на и онака рекордните американски залихи.

На лондонската берза цената на барелот падна околу пладне за 90 центи во однос на претходното затворање, на 55,53 долари. На американската берза со барелот се тргува по 50 центи пониска цена, од 49,52 долари.

Американскиот нафтен институт (API) извести во вторникот дека залихите на сирова нафта пораснале во минатата недела за 1,6 милиони барели, а и претходно веќе беа на рекордно високо ниво.

Нафтените пазари ги притисна и прогнозата на Меѓународната агенција за енергија (IEA) дека и покрај пониските цени, понудата од САД ќе се зголемува до 2020 година, како и дека залихите на глобално ниво би можеле да достигнат рекордно ниво во оваа година.

„Снабдувањето веројатно ќе продолжи да се зголемува во 2015 година, иако со побавно темпо“, проценува Фереидун Фешараки од компанијата Facts Global Energy. „Тоа значи дека во 2015 година пазарот ќе биде послаб, а цените уште пониски. Закрепнувањето на побарувачата нема да го спаси нафтениот пазар“, вели аналитичарот.

Откако од јуни цената на нафтата беше повеќе од преполовена, во изминатите четири недели се зголеми за над 20 отсто. Во средата кувајтскиот министер за нафта Али ал-Омаир изјави дека до крајот на годината би можела да достигне 60 долари за барел.

Аналитичарите сепак се согласуваат со предвидувањата на IEA дека, по остриот пад, цената на нафтата се стабилизираше на значително пониско ниво од 100 долари за барел колку што изнесуваше во изминатите три години.

Одделно OPEC објави дека референтната цена на барел нејзина нафта во вторникот изнесуваше 53,14 долари, што значи дека била за 44 центи пониска од претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП