10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрани нови директори на ЈСП Скопје и ЈП „Водовод и канализација“

Избрани нови директори на ЈСП Скопје и ЈП „Водовод и канализација“

1d6d9f06-79de-48c6-8300-bd3e22253f3a-jsp1

Нов директор на ЈСП Скопје е Игор Јанушев, додека прв човек на ЈП „Водовод и канализација“ е Александар Атанасов.

Двајцата се назначени откако беа избрани врз основа на конкурсот, распишан од страна на Градот Скопје во декември минатата година.

Новиот директор на ЈСП Игор Јанушев е роден 1983 година и има завршено образование на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”. Истиот повеќе години е вработен во министерството за транспорт и врски, каде досега бил  раководител на Сектор за воздухопловство.

Првиот човек на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов е роден 1985 година и има завршено образование на Њу Јорк колеџот во Солун, Република Грција на смер “Бизнис администрација и менаџмент”. Истиот има работено во областа на односите со јавноста, а од септември 2010 година до сега ја извршува функцијата Генерален директор за шински возила Велес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП