27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРамстор Мол со одлична програма за денот на виното и љубовта

Рамстор Мол со одлична програма за денот на виното и љубовта

Ramstore-valentine-B1-naslovna

Љубителите на виното, добрата песна, културата и подароците оваа сабота благодарение на Рамстор Мол ќе може да уживаат во богата програма која специјално за денот на виното и љубовта ја подготвија од трговскиот центар.

На 14.02 сите случувања во Рамстор Мол ќе бидат посветени во славање на љубовта и виното.

Богатата програма започнува во 16.00 часот со изведба на театарската претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“,, според сценарио и режија на Војо Цветановски, а ќе продолжи во 18.00 со концерт на македонската фолк ѕвезда Наум Петрески.

Покрај богатата културно – уметничка програма за посетителите се подготвени и подароци.  Со секоја сметка во маркетот и брендовите на Рамстор Мол над 2000 денари ќе следуваат 800 подароци од трговскиот центар.

Доколку досега бевте во дилема каде и како да го прославите 14.02, Рамстор Мол Ве повикува да го посетите трговкиот центар и да уживате во денот посветен на љубовта и виното. Од трговскиот  центар гарантираат романтична, весела и енергична атмосфера во текот на целиот ден.

Среќен Св. Трифун! Среќен Валентин!

Ramstore-valentine-B1-poster

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП