18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит се надева на компромис во врска со Грција

Волстрит се надева на компромис во врска со Грција

volstrit (1)

На Волстрит цените на акциите во вторникот пораснаа, по неколкуте написи во американскиот печат дека Грција и нејзините партнери во еврозоната овие денови би можеле да постигнат компромис по прашање на решавањето на грчките долгови.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,79 отсто, на 17.868 поени, додека индексот S&P 500 се зголеми за 1,07 отсто, на 2.068 поени, а индексот Nasdaq за 1,30 отсто, на 4.787 индексни поени. Во еден момент во вторникот S&P индексот на акциите во енергетскиот сектор беше во минус од 1,9 отсто, но до крајот на тргувањето загубата беше намалена на само 0,2 отсто.

Растот на цените на акциите дојде најмногу благодарејќи на неколкуте написи дека претставниците на еврозоната и на Грција деновиве би можеле да постигнат компромис по прашањето на решавањето на грчкиот долг. Во средата во Брисел се сретнуваат министрите за финансии на земјите од еврозоната, а во четврток челниците на Европската унија.

Грција не сака да го продолжи договорот за 240 милијарди евра вредниот програм за меѓународна помошта од ЕУ и ММФ и најавуваат отстапување од некои од договорените реформи. Членките на еврозоната, предводени од Германија, порачуваат, пак, дека Атина би требало да се придржува до договорот.

Според написите од вторникот, Грција наводно веќе побарала период од шест месеци во кој би требало да ги реши сите отворени прашања со странските кредитори и да постигне договор за планот по истекувањето на програмата за меѓународна помош од ЕУ и ММФ: Од Европската комисија, пак, порачаа дека не постои официјален предлог за решавањето на проблемот со грчките долгови, но дека разговорите се интензивирани пред состаноците во сред и во четврток.

Сепак, на MNSI беше објавено дека од сигурни извори дознаваат дека ЕК очекува компромисен предлог од Атина.

„Пазарот го придвижуваат насловите во медиумите и тој реагира секогаш кога некој наслов се однесува на Грција. Тоа не ме шокираше ,но сметам дека нема смисла“, вели за Reuters Џо Салуци, директор во компанијата „Themis Trading“.

Благодарејќи на тоа, во вторникот попладне пораснаа и цените на акциите на европските берзи, при што ATG индексот на Атинската берза скокна за 8 отсто.

„Пазарот сака да верува дека е договорот со Грција е пред вратите, меѓутоа во моментот нема ништо конкретно и може да мине многу време до договорот“, вели Фредерик Розиер,, директор во фондот „Meeschaert“.

Во фокусот на инвеститорите во вторникот и падот на цените на нафтата за околу 5 отсто, откако Меѓународната агенција за енергија (IEA) предупреди на можен нов притисок врз продажба поради растот на резервите од нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП