8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФормиран Совет на работодавачи во Агенцијата за вработување

Формиран Совет на работодавачи во Агенцијата за вработување

agencija vrabotuvanje

Во Агенцијата за вработување денеска е формиран Совет на работодавачи којшто ќе учествува во креирање на политиките за вработување, работни места и работна сила. Советодавното тело треба да биде и филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на труд.

Во Советот членуват претставници на 16 големи компании од повеќе дејности и шест организации на работодавачи.Претежно се ангажирани раководни лица или претставници од одделите за човечки ресурси, на волонтерска основа.

Првично ќе има советодавна, а потоа и филтрирачка одлука која ќе треба да ја имплементираме во нашето работење, изјави по првиот состанок на Советот Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Според Поповски, Советот е основан поради недостатокот на квалитетната работна сила која може да им се понуди на работодавачите. Се надевам, додаде, дека со Советот сите големи компании ќе придонесат за квалитетна примена на сите активни мерки, во квалитетно претставување на работната сила и креирање на нивните потреби.

Одлучивме со Владата и Министерството за труд и социјална политика да го креираме овој совет при што големите компании ќе дадат импут за тоа како да се развива во натамошниот период активните мерки во агенцијата и начинот на креирање и образување на работната сила којашто им е потребна на нивните компании, изјави Поповски.

Тој информира дека се продолжува до 25 овој месец огласот за проектот „Кредитирање“. Со него се овозможува кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места за млади лица до 29 години, за отворање сопствен бизнис и кредитирање за отворање сопствен бизнис на малди лица до 29 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП