23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССМ потпиша меморандум за соработка со Комисијата за заштита од дискриминација

ССМ потпиша меморандум за соработка со Комисијата за заштита од дискриминација

ssm-sindikatijhuyg6

Сојузот на синдикати на Македонија денеска потпиша меморандум за соработка со Комисијата за заштита од дискриминација.

Ваквиот чекор се презема со цел да се охрабрат граѓаните да пријавуваат случаи на дискриминација која, според направените истражувања е забележана уште во огласите за вработување.

Дискриминацијата е присутна уште на самиот старт при вработувањето. Истражувањето што го направивме во соработка со ОБСЕ покажува дека во 85 проценти од анализираните илјада конкурси има повеќекратна дискриминација. Најчесто се бара жена, на возраст до 25 ­ 35 години и се бара дури и фотографија. Има на пример и апсурд кога во елитен ресторан се бара кувар со возачка дозвола, истакна Душко Миновски од Комисијата за заштита од дискриминација на денешното потпишување на меморандумот.

Она што треба да се реализира во следниот период, според Миновски, е да се направи процедура за објавување на конкурс за да се намали нивото на овој феномен при вработувањето.

Претседателот на ССМ Живко Митревски смета дека со потпишувањето на меморандумот ќе произлезат низа активности во борба против дискриминаторскиот пристап во областа на работните односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП