9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската „Ендава“ започна со работа, најави 400 нови вработувања

Британската „Ендава“ започна со работа, најави 400 нови вработувања

endava-520x346

Како што рече извршниот директор Џон Котерел, тимот во Скопје засега брои 36 членови, но во следните 12 месеци ќе достигне 100 лица.

Брзиот економски раст, уште поинтензивниот развој на информатичкиот сектор и високообразовниот кадар беа клучните причини поради кои го одбравме Скопје меѓу 40 други градови. Нашата цел е да ги привлечеме најдобрите од оваа област, тие во нас да препознаат нешто каде што ќе ја изградат својата кариера, истакна Котерел.

Изразувајќи задоволство што уште еден странски инвеститор почнува со работа во Македонија, премиерот Никола Груевски нагласи дека ваквите настани се нов импулс за владините тимови во постојаните промоции на поволните деловни можности на земјата.

Македонија е позната како еден од најбрзорастечките пазари во ИКТ секторот во овој дел од Европа. Таквиот тренд се должи на нашите политики и мерки за развој во изминатите години, поттикнувањето на младите да е образуваат во делот на информатичките науки, отворањето нови факултети,… Ваквите прилики, но и добрите бизнис услови што ги нуди Македонија, се основните причини поради кои светски познатиот бренд „Ендава“ реши да го прошири своето производство токму тука, истакна премиерот Груевски.

Според него, користењето врвна технологија и софтвер на „Ендава“ кај голем број моќни мултинационални компании во секторите банкарство, осигурување, малопродажба, телекомуникации, медиуми, издаваштво, ќе значи дополнително подобрување на имиџот на Македонија.

Канцелариите на „Ендава“ се наоѓаат во престижната зграда „Кале“ и за нивно изнајмување компанијата потпиша петгодишен договор. Просторот зафаќа 3.000 метри квадратни, а е дизајниран и уреден согласно највисоките светски стандарди во ИКТ индустријата. Има 19

сали за состаноци, делови за релаксација, оддел со игри и простор во кој вработените можат да се дружат. Ваквиот концепт, како што посочи извршниот директор, целосно се вклопува во културата на „Ендава“ што подразбира овозможување одлична работна атмосфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП