27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССМ: Со вработувањето на неопределено време се решава децениски проблем

ССМ: Со вработувањето на неопределено време се решава децениски проблем

zika mitrevski

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека новата владина мерка со која сите ангажирани лица во државните институции без решен статус ќе добијат редовно вработување претставува конкретен чекор за решавање на статусот на поголема група работници.

„Ова е децениски проблем и првпат се решава на ваков начин. Со оваа мерка ќе се регулира работниот однос на огромен број луѓе кои немаа решен статус и не беа внесени во системот на социјално и пензиско осигурување. Преку решавањето на новниот статус ќе дојде и од зголемување на јавната потрошувачка“, изјави Живко Митревски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП