16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАBlic: ЕУ има уште шест услови за Србија

Blic: ЕУ има уште шест услови за Србија

serb-eu-flag

Договорот за правосудство, кој во Брисел во понеделникот го потпишаа Белград и Приштина не е доволен за отворање на поглавјето 35 од преговорите на Србија со Европската унија, кое е посветено на Косово, пишува српски Blic.

Според пишувањата во весникот, постојат уште барем шест обврски од Бриселскиот договор кои досега не се исполнети.

Повикувајќи се на дипломатски извори, Blic наведува дека она што е потребно за отворање на ова поглавје, е да се постигне договор за Заедницата на српски општини, потоа да се догови повикувачки број за Косово, потоа да се разговара за темите од енергетиката, за постојаните гранични премини, да се постигне договор за цивилната заштита на северот и да се отвори мостот на Ибар во Митровица.

Германија инсистира на тоа првото поглавје во преговорите меѓу Србија и ЕУ да биде токму 35-то поглавје, кое е посветено на Косово. Како услов за отворање на ова поглавје се наведува целосна примена на Бриселскиот договор, додава Blic.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП