8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 1.000 пријавени на конкурсот за прием на професионални војници во АРМ

Над 1.000 пријавени на конкурсот за прием на професионални војници во АРМ

profi-vojnici

Повеќе од 1.000 граѓани се пријавија на конкурсот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија, покажуваат податоците од подрачните единици на Министерството за одбрана.

Во рамки на пријавените има граѓани од повеќе етнички заедници, но што е исто исклучително значајно има и припаднички на понежниот пол.

„Во следните денови Министерството за одбрана врши проверка на доставената документација, по што лицата за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите согласно Огласот за прием на професионални војници, по претходен план ќе бидат повикувани на психолошки тестирања, општообразовни тестови и здравствени и физички проверки“, се вели во соопштението од МО.

Министерството за одбрана е задоволно со бројот на пријавени граѓани и очекува по процесот на селекција во служба на Армијата на Република Македонија да се вработат најдобрите кандидати.

„За Министерството и за Армијата на Република Македонија најважно е професионалните војници кои ќе бидат примени да поседуваат високи психофизички способности и високи морални и етички стандарди како и да бидат исклучително мотивирани да и служат на Република Македонија“, пишува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП