8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ja постигна најголемата пазарна оценка во историјата

Apple ja постигна најголемата пазарна оценка во историјата

ap bloomberg

„Apple“ постигна нов рекорд во историјата, откако го затвори вчерашниот ден на берзите со пазарна оценка во износ од 710.7 милијарди долари, објави агенцијата „Bloomberg“.

Компанијата го подобри претходниот рекорд, кој го постигна во ноември минатата година – 701 милијарди долари.

На овој начин „Apple“ ја зголемува предноста како најголема компанија во светот во однос на пазарната оценка. Таа беше првата американска компанија која постигна таква пазарна капитализација.

Втората најскапа компанија е „Exxon Mobil“. Нејзината капитализација е 385.4 милијарди долари.

Според аналитичарите од „Cantor Fitzgerald“, „Apple“ има уште што да покаже. Резултатите на „iPhone 6“ и „6 Plus“ се многу добри, а интересот кон смартфоните во земји, како Кина се уште ќе расте со големо темпо, а претстои и пуштањето во продажба на паметниот часовник „Apple Watch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП