29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина бара од Русија реструктуирање на долгот од 3 млрд долари

Украина бара од Русија реструктуирање на долгот од 3 млрд долари

rusijaukraina

Украина се обратила до Русија со барање да се реструктуира нејзиниот долг од три милијарди американски долари, но Москва не е подготвена да го преземе во моментов тој чекор, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов за руските новинари кои ја следат неговата посета во Истанбул. 

Кон крајот на 2013 година, кога владата на тогашниот украински претседател Виктор Јанукович реши правдајќи се тешката финансиска ситуација во земјата и губењето на економските врски со Русија како и со малата финансиска помош од ЕУ и ММФ недоволна да го спречи банкротот на земјата, се реши да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и слободна трговија со Европската унија по што прозападната опозиција го обвини за заземање курс кон Москва и организираше масовни протести и безредија со стотици мртви во Киев што на крајот резултираше со отцепување на црноморскиот полуостров Крим и граѓанската војна во рускојазичните источни региони.

Јанукович во декември 2013-та се обрати за помош до Москва којашто реши да вложи во еврообврзниците на Украина во износ од 15 милијарди евра и драстично ја намали цената на рускиот гас за Украина, на околу 270 долари за илјада кубни метри. Русија веднаш ја откупи првата транша од 3 милијарди долари со рок на доспевање од две годни. Другите 12 милијарди долари не беа доделени бидејќи Русија смета дека во февруари дојде нелегитимна смена на власт откако беше соборен претседателот Јанукович со гласање на делумен состав на парламентот во кој недостигаа најголемиот дел пратениците од тогаш владејачката Партија на регионите.

„Украина се обрати со барање да се разгледа прашањето за реструктуирањето на долгот. Имав разговори со колегите во Киев. Ние не сме подготвени да одиме на одложување или постепено гасење на долгот. Очекуваме, и со нетрпение посакуваме, гаснење на сите обврски коишто Украина (ги има кон Русија) во декември годинава. За нас се важни сите валутни приходи во буџетот“, порачува рускиот министер за финансии Антон Силуанов кого го цитира агенцијата РИА Новости.

Појаснил дека Русија не е во ситуација кога лесно може да се откаже од дел од девизните обврски кон неа. „Враќањето на средствата, кои некогаш биле вложени во обврзници во странска валута, е многу важно“, вели Силуанов.

Потсетува дека Русија има право да побара предвремено гасење на долгот на Украина.

„Ние го имаме тоа прав, но сé уште не го користиме“, рече рускиот министер.

Од друга страна, според Силуанов, Русија не е подготвена да се согласи ниту со одложување, ниту со отплаќање на рати.

„Украина уште во Давос (на Светски економски форум во Швајцарија, кон средината на јануари), најави дека ќе бара преговори за реструктуирање со сите свои кредитори.

Разговараа со Русија, но самите Украинци потврдија дека во нивниот буџет се предвидени пари за отплаќање на долгот. Ние договоривме на тоа со мислењето дека зборовите на министерот за финансии многу значат и се уверливи. Ги очекуваме тие пари“, рече рускиот министер за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП