28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за прекугранична бизнис соработка со Албанија

Конференција за прекугранична бизнис соработка со Албанија

ssk45

Сојузот на стопански комори денеска, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, организира конференција на тема „Прекугранична соработка и претприемништво”.

На конференцијата, по официјалниот дел на кој ќе се обратат министрите за економија и за локална самоуправа, Беким Незири и Лирим Шабани, предвидени се панел дискусии. На првата, со претставници од централната и локалната власт, ќе се разговара за потенцијалите за бизнис соработка, легислативата и идните насоки за подобрување на економските врски меѓу двете земји, додека на втората, стопанственици ќе ги претстават своите капацитети, искуства и потенцијали за соработка со Албанија.

Најавено е учество на високи меѓународни претставници, на градоначалникот на Тетово Теута Арифи, како и на бизнисмени од Македонија и Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП