24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредувањето на IEA за залихите ја спушти цената на нафтата

Предупредувањето на IEA за залихите ја спушти цената на нафтата

nafta kop

Цената на нафтата повторно падна во вторникот на светските берзи по нивото од 58 долари, откако Меѓунаордната агенција за енергија (IEA) предупреди дека залихите кон средината на годината би можеле да достигнат рекордно високо ниво и да го продолжи надолниот тренд на цените.

На лондонската берза цената на барелот падна за 44 центи во однос на претходното затворање, на 57,9 долари, а на американската берза со барелот се тргуваше по 84 центи пониска цена, од 52,02.

Нафтените пазари во вторникот ги закочи проценката на IEA дека залихите на државите членки на Организацијата за економска соработка и развој  (OECD) кон средината на годината би можеле да пораснат на историски високи 2,83 милијарди барели.

„И покрај очекувањата за изедначување на понудата и побарувачката до крајот на 2015-та година, притисоците насочени врз падот на цената можеби не стивнаа целосно“, се наведува во месечниот извештај на „IEA“.

Челникот на компанијата „Vitol“, Јан Тејлор говорејќи на меѓународен собир на нафтената индустрија, рече дека очекува „драматичен“ раст на нафтените залихи во наредните неколку месеци, но очекува и воспоставување на рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на нафта до крајот на годината.

„Економската акивност забавува, особено во тешката индустрија и тоа неминовно ги притиска цените“, констатира Мајкл Мајдан, директор на независната консултантска компанија „China Matters“.

Одделно „OPEC“ на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка нафта во понеделникот изнесува 53,58 долари што значи дека била за 22 центи повисока во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП