19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските инвеститори внимателни поради Грција и падот на цената на нафтата

Европските инвеститори внимателни поради Грција и падот на цената на нафтата

berza-ak-ak

Внимателно се тргува во вторникот на европските берзи, проади заострување на реториката помеѓу Атина и Брисел, а негативно на берзите влијае и падот на цената на нафтата по тродневен раст.

FTSEurofirst индекот на 300 водечки европски акции околу 12,30 минути беше во минус 0,2 отсто, на 1.476 поени, откако вчера падна 0,7 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,40 отсто, на 6.804 поени, додека франкфуртски DAX зајакна за 0,10 отсто, на 10.675 поени, а париски CAC беше во плус 0,25 отсто, на 4.661 поен.

Најмногу во вторникот паднаа цените на акциите на енергетските копании BP, BG Group и Royal Dutch Shell, помеѓу 1,7 и 2,3 отсто, бидејќи цената на нафтата на лоноднската берза, по три дена раст, падна под 58 долари по барел. Падот на цената на нафтата уследи по новите сигнали за забавување на кинеската економија, најголемиот севтски поторшувач на суровини. По неодамнешите податоци за падот на увозот и извозот, изутрината беше објавено дека во јануари инфлацијата во Кина потона на најниско ниво за пет години.

„Тешко е да се очекува поголемо закрепнување на цената на нафтата на краток рок, поради и натаму преголемата понуда во однос на побарувачката“, вели Петер Диксон од Commerzbank.

Поддршка на берзите им пружа, пак, закрепнувањето на Атинската берза на која цените на акциите денеска пораснаа за 2,5 отсто откако вчера потонаа за речиси пет отсто.

Инвеститорите се внимателни по прашањата на Грција, бидејќи се заостри реториката помеѓу Атина и Брисел, по пораката на грчкиот премиер Алексис Ципрас во неделата дека не планира да го продолжи договорот за програмата за меѓународна помош и најави отстапување од некои договорени реформи.

Наместо нови транши меѓународна помош, новата грчка влада сака да договори нови услови на отплата на долгот, што наиде на ладен прием кај нејзините партнери во еврозоната.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер порача во понеделникот дека Грција не треба да очекува дека еврозоната ќе ги прифати нејзините последни услови.

„Инвеститорите се под впечаток на изјавите на Ципрас во неделата. По релативнио мирниот период, повторно е на сцена реториката која ги плаши инвеститорите“, вели Стен Шаму, стратег во компанијата IG.

Меѓу најголемите губитници денеска беше акцијата на UBS, откако швајцарската банка предупреди на негативно влијание од јакнењето на франкот и ниските камати во Швајцарија и еврозоната.

Акцијата на Michelin поефтини, пак, за 4,5 отсто, откако францускиот производител на гуми извести за падот на добивката на годишно ниво и помали приходи од планираното.

Од друга страна, цената на акцијата на Axis AB скокна за речиси 50 отсто, откако јапонски Canon понуди 2,8 милијарди долари за купување на шведскиот производител на безбедносни камери.

Силно за 6,5 отсто скокна и цената на акцијата на Raiffeisen Bank International, откако најави продажба на своето работење во Полска и Словенија за да се намалат трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП